Што е екологија?
Што е екологија?
Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина. Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината (биомасата), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како што се првичната продукција, педогенеза, циклусот на хранливите материии разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите, го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани од биолошката разновидност. Биодиверзитетот се однесува на разновидноста на видовитево екосистемите, генетските варијации помеѓу нив и процесите кои се функционално збогатени од разновидноста на еколошките интеракции.
Comments
Post a Comment