Што е екологија? Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина . Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината ( биомасата ), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како што се првичната продукција , педогенеза , циклусот на хранливите материи и разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите , го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани од биолошката разновидност . Биодиверзитетот се однесува на разновидноста на видовит...