ЕКО ПОРАКИ Чувај ја планетата Земја, таа ќе ти врати! Засади дрво, засади цвет за поубав свет! Штеди вода и тоа е во мода! Водата се штеди затоа што многу вреди! Капка вода-капка живот. Чист воздух-здрав живот. Секоја капка се брои. Спаси ја планетата, таа е во твои раце! Во природа одам често зошто здравјето ми е на прво место. Природата е богатство што треба да се чува. Не ја загадувај природата таа е нашата иднина. Засади дрво, засади ја својата иднина!
Што е екологија? Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина . Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината ( биомасата ), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како што се првичната продукција , педогенеза , циклусот на хранливите материи и разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите , го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани од биолошката разновидност . Биодиверзитетот се однесува на разновидноста на видовит...
Comments
Post a Comment